Седум жени убиени годинава, институциите со предизвик да го спречат фемицидот
Седум жени се убиени во земјава од почетокот на годинава, од партнер или член на семејството. Преку механизмот „Femicide Watch“ досега се разгледани 92 случаи, од кои 43 се класифицирани како фемицид или обид за фемицид.

Од почетокот на годинава до сега 7 жени се убиени во земјава од партнер или член на семејството, лани 6 го изгубиле животот.
Една жена е убиена. Но трагедијата не започнала тој ден. Фемицидот е последниот чин. Како да се спречи пред да биде предоцна?
Преку механизмот „Famicide watch“ во земјава досега се разгледани 92 случаи, од кои 43 се класифицирани како фемицид или обид за фемицид. Препознавањето на фемицидот и навременото реагирање останува предизвик за институциите.
137 жени и девојчиња во светот секој ден го губат животот од рацете на интимен партнер или член на семејството. Зад секој жртва стои една животна приказна а во многу случаи и предупредувања кои претходно не биле препознаени. На глобално ниво во 2024 година нотирани се 83.000 жртви.
Фемицидот е лоша црта на сите општества, борбата против насилството врз жените е клучен приоритет на ОБСЕ.
Законот е неопходен, но самиот закон не е доволен неговото влијание зависи од тоа како се спроведува, дали институциите имаат доволно податоци и дали жртвите добиваат заштита пред да биде предоцна. Ефективна превенција бара по долга мултисекторска соработка, заедничка одговорност, навремено собирање податоци, соодветна превенција и доследна примена на законите.
Ана Јосифоска
