Горива

Падна цената на дизелот, Владата ја продолжи одлуката на намалено ДДВ

28.09.2026 17:43

Од полноќ дизелот ќе се продава за 100 денари за литар, Еуросупер БС-95 за 100, а БС-98 за 102 денари. Екстралесното масло поевтинува за три денари и ќе чини 115,5 денари за литар. Новите максимални цени на горивата стапуваат во сила од полноќ. РКЕ пресмета просечно намалување на цените на нафтените деривати за 1,06 отсто.

Дизелот поевтинува за 4,5 денари, ќе се продава по 100 денари за литар, бензините поскапуваат за денар. 95-ката ќе чини 100 денари, 98-цата 102. Екстралесното масло за домаќинството се намалува за три денари, добива цена од 115,5 денари според најновата одлука на РКЕ. Регулаторот пресмета нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,06 насто

Во пресметката е применета и владината одлука за намалена стапка на ДДВ од 10 проценти за ЕУРОДИЗЕЛ, како и намалена акциза од четири денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ. Владата ја продолжи мерката намалено ДДВ-то до 12-ти октомври со цел заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија.

„Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги. Реагираме навремено и одговорно, следејќи ги движењата на меѓународните пазари и преземајќи мерки кога тоа е потребно за да го заштитиме стандардот на граѓаните“, соопшти министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочовска.

РКЕ посочува дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени. Брент нафтата на светска берза достигна 108 долари за барел.

Александра Велинова