Основен суд Куманово

Бојковски призна вина за три убиства

28.09.2026 17:00

Три убиства призна, едно негираше. 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане пред судот зборуваше за нападите и двата обида за убиство, кои рече биле заради пари. Според вештото лице-психијатар, Бојковски бил пресметлив. Препорача казната да ја извршува во затвор.

Дваесет и петгодишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане призна вина за убиства на три жени. За еден од случаите негираше. Одговарајќи конфузно на прашања на обвинителството, во детали ги објаснија нападите, задоволувањето на сексуалниот нагон, како и двата обиди за убиства. Двете жени преживеале, бидејќи се исплашил од надворешни звуци и побегнал. Пари во овие два случаи, рече се мотив за нападите.

„Мислам дека тој самиот не знаеше кое конкретно кривично дело го негира па на сите вкрстени прашања одговори потврдно, меѓутоа анализа на ваквата одбрана ќе дадам во завршните зборови. Тој кривичните дела ги призна кај јавен обвинител и за сите кривични дела постојат и други материјални докази со кои се поткрепува обвинението“, истакна јавниот обвинител Љубомир Лапе.

На денешното рочиште, се сослуша и вешто лице, психијатар. Тој потврди дека вештачењето покажало дека лицето е пресметливо и не е утврдена трајна душевна болест. Затоа укажа казната може да се извршува во казнена установа. Одбраната побара, но судот одби на осомничениот да му обезбеди толкувач, стручно лице. Вештакот укажа дека е свесен, само располага со ограничен фонд на зборови, но и се обидува да си ја олесни состојбата.

Лицето е осомничено за четири кривични дела убиства и два обиди. Тој се товари дека извршувал ниски побуди, со цел да ги задоволни половите нагони, врз возрасни, немоќни жени.

На осомничениот му се заканува казна од најмалку 10 години до доживотен затвор.

Против истиот се води и постапка за кривично дело тешка кражба.

Елена Георгиевска