ЕВРОПСКИ САМИТ ВО САЛЦБУРГ

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската унија

28.09.2026 18:57

Европскиот пат не смее да биде заложник на билатерални спорови – порака на претседателката на државата, Сиљановска-Давкова на самитот во Салцбург. Според неа, кога напредокот не зависи од реформи, туку од прашања надвор од европските критериуми, процесот ја губи кредибилноста.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок во Скопје ќе се сретне со државниот врв. Посетата доаѓа во период кога Македонија ги чека информациите за новиот модел на проширување, но и барањето Брисел да посредува во решавањето на спорот со Софија.

Европскиот пат не смее да биде заложник на билатерални спорови – порака на претседателката на државата, Сиљановска-Давкова на самитот во Салцбург. Според неа, кога напредокот не зависи од реформи, туку од прашања надвор од европските критериуми, процесот ја губи кредибилноста.

Тоа веќе не е само проблем на кандидатите, туку институционален проблем за самата еу. Проширувањето не е само политика кон кандидатите, туку тест за капацитетот на еу да дејствува стратешки. Ако сака поголема геополитичка тежина, Европа мора да биде похрабра и поконзистентна: помалку непредвидливост, повеќе меритократија; помалку патернализам, повеќе вистинско партнерство, Гордана Сиљановска – Давкова, претседателка на земјата.

Сиљановска вели дека наместо решителност, сигналите од Брисел се повеќе укажуваат на воздржаност. Како пример го посочи последниот говор на Фон дер Лајен за состојбите во унијата, во кој иако било нагласено дека иднината на Украина, Молдавија и на Западен Балкан е во ЕУ, проширувањето не било директно споменато.

Фон дер Лајен во среда ја почнува балканската турнеја од Тирана. Покрај Скопје, ќе ги посети Приштина и Подгорица.

Андријана Ѓурческа