Пониски камати за откуп на становите за лицата со ниски приходи
До 31-ви март лицата со ниски приходи кои добиле станови во периодот од 2000 до 2007 година, становите во општествена сопственост и диво вселенените ќе можат да склучат договор за закуп или откуп на истите.
Ова се новините кои ги презентираше Министерството за транспорт и врски заедно со Јавното претпријатие за станбен и деловен простор. Станува збор за околу 2.300 станови. Откупот ќе се врши на 30 години со 4 проценти каматна стапка.

Износот на цената при закупот и учеството при откупот, според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе се формира зависно од вкупните примања на семејствата кои ги користат становите. Цената, истакна, е приближна на пазарната.
Со нерешен правен статус според евиденцијата на институциите се 851 стан за лица со ниски приходи, изградени и поделени од 2000 година, 770 општествени станови од времето на СФРЈ, кои се продаваат од 1991 година досега, како и околу 800 бесправно вселени станови.