Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

29.09.2026 08:07

Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.