Продолжува Регионалната конференција за фемицид во Собранието
Во Собранието денеска продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во фокусот се оперативните стандарди за идентификување и истражување на родово поврзаните убиства, како и собирањето податоци за фемицид.

Во Собранието денеска втор ден се одржува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На конференцијата ќе се разговара за оперативните стандарди за идентификување и истражување на родово поврзаните убиства, како и за стандардите за собирање податоци за фемицид.
На темата ќе говорат експерти и претставници од Шпанија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово и Северна Македонија.
Во рамки на конференцијата ќе бидат презентирани и заклучоците, препораките и следните чекори, по што настанот ќе биде затворен од заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сузан Пенкса.
