Промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ
Како што соопштија од АД ЕСМ, во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „Моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата.
Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните.
Како што соопштија од АД ЕСМ, во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „Моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија.
Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“ е кофинансиран од Европската Унија, германската развојна банка КfW и Владата на Сојузна Република Германија.
