Македонија

Тркалезна маса за етичката употреба на вештачката интелигенција во високото образование и медиумите

29.09.2026 09:17

На настанот, на тема „Етичка употреба на вештачката интелигенција – предизвици и предности“, ќе се дискутира за можностите и ризиците од примената на генеративните алатки базирани на вештачка интелигенција, како и за нивното влијание врз новинарството и образовниот процес...

Денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во организација на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија ќе се одржи тркалезна маса за етичката употреба на вештачката интелигенција во високото образование и медиумите.

На настанот, на тема „Етичка употреба на вештачката интелигенција – предизвици и предности“, ќе се дискутира за можностите и ризиците од примената на генеративните алатки базирани на вештачка интелигенција, како и за нивното влијание врз новинарството и образовниот процес.

Тркалезната маса се организира во рамките на проектот „Зајакнување на етичката употреба на генеративни алатки со ВИ и медиумското покривање на ВИ преку образованието за новинарство во Северна Македонија“, кој е поддржан од УНЕСКО преку Меѓународната програма за развој на комуникациите (ИПДЦ).