Здравство

Бесплатни кардиоваскуларни прегледи по повод Светскиот ден на срцето

29.09.2026 09:33

По повод Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје денеска организира теренска превентивна активност во трговскиот центар „Дајмонд Мол“ во Скопје. Граѓаните ќе можат да добијат бесплатен преглед и совети од стручни лица.

По повод 29 Септември – Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје денеска организира теренска превентивна активност насочена кон подигнување на свеста за кардиоваскуларното здравје и превенцијата на кардиоваскуларните заболувања.

Од 10:30 часот, тимови од ИЈЗ ќе бидат поставени на пункт во трговскиот центар „Дајмонд Мол“, каде граѓаните ќе можат да добијат бесплатен преглед и совети од стручни лица.

Пунктот ќе го посети и министерот за здравство Сашо Клековски.

Целта на активноста е преку непосреден контакт со граѓаните да се укаже на важноста од редовна грижа за здравјето, навремено препознавање на ризик-факторите и усвојување здрави животни навики.