Образование

Од 1 октомври аплицирање за продолжување на студентските стипендии

29.09.2026 10:09

Корисниците на студентски стипендии кои ги исполнуваат условите за продолжување на правото на стипендија, од 1 до 30 октомври ќе можат електронски да аплицираат за продолжување на стипендијата.

Корисниците на студентска стипендија од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото на стипендија, од 1 до 30 октомври 2026 година ќе можат да аплицираат електронски.

За продолжување на правото, потребно е да се достават потврда за запишан нареден семестар или година на студирање, уверение со положени испити издадено од факултетот, како и уверение за предвидени и положени испити – УППИ образец, заверен од факултетот.

Потребно е да се достави и индексот, од првиот запишан семестар до последниот заверен семестар.

Документите се прикачуваат електронски преку платформата за е-услуги на Министерството за образование и наука – e-uslugi.mon.gov.mk.

За дополнителни информации и прашања, корисниците можат да се обратат на електронската пошта [email protected].