Образование

Забелешки и предлози за Предлог-концепцијата за талентирани и надарени ученици

29.09.2026 10:58

Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука ја објавија на јавна расправа Предлог-концепцијата за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование. Мислењата, забелешките и предлозите може да се достават до 10 октомври.

Бирото за развој на образованието, во соработка со Министерството за образование и наука, ја објави на јавна расправа Предлог-концепцијата за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование.

Документот е изработен согласно Законот за основното образование и предвидува систем за навремено препознавање, идентификација, развивање и следење на потенцијалите на талентираните и надарените ученици.

Предлог-концепцијата дава насоки за работата на училиштата, соработката со семејствата и стручните институции, како и за обезбедување соодветна воспитно-образовна поддршка за учениците.

Од Бирото ги повикуваат наставниците, стручните соработници, директорите на училиштата, високообразовните и научните установи, стручните здруженија, родителите, учениците и сите заинтересирани да дадат мислења, забелешки и предлози.

Коментарите може да се достават до 10 октомври 2026 година на електронската адреса [email protected], со назнака „Јавна расправа – Концепција за талентирани и надарени ученици“.

Доставените предлози ќе бидат разгледани при подготовката на конечниот текст на концепцијата, соопштуваат од Министерството за образование.