Второ коло во втората групна фаза, со два преноса на МРТ
На СП во одбојка по првото коло од втората групна фаза се проретчува бројот на претендентите за место меѓу 6 најдобри. Реално 9 селекции се борат за најмалку третото место во своите групи. Четири од нив се во “Ф“ конкуренцијата, каде што во моментов на Собранискиот сервис е преносот од натпреварот Србија - Казахстан. Истовремено се игра дуелот Турција – Русија, а од 20 часот Бразил – Холандија и Бугарија – САД. Американките котираат највискоко со 12 бода, пред Бразил со 11, Русија со 9 и Србија со 8 бода.

Во рамките на “Е“ групата во тек се средбите Доминиканска Република – Азербејџан и Германија – Јапонија, во вечерниот термин домаќинот Италија игра со Белгија, а во дербито Хрватска Кина, со пренос на Собранискиот сервис. Во пресрет на денешните натпревари Кина е лидер со 11 бода, пред Италија со 10, Д. Република со 8, а со шанси за трите позиции се уште и Јапонија со 6 и Хрватска со 5 бода.