Фон дер Лајен в петок во Скопје, европската перспектива и спорот со Бугарија во фокус
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в петок ќе допатува во Скопје, во рамки на турнејата низ Западен Балкан. На средбите со претседателката Гордана Сиљановска- Давкова и премиерот Христијан Мицкоски ќе се разговара за европската перспектива на земјава и процесот на пристапување кон ЕУ, а се очекува тема да биде и спорот со Бугарија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в петок ќе престојува во Скопје, како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.
За време на посетата, таа ќе оствари средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Во фокусот ќе бидат европската перспектива на земјава и регионот, како и процесот на пристапување кон Европската Унија.
Се очекува на разговорите да биде отворено и прашањето за спорот со Бугарија и можностите за негово надминување.
Турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан ќе започне на 30 септември во Албанија, по што ќе ги посети Косово и Црна Гора.
Србија и Босна и Херцеговина не се вклучени во оваа агенда поради одржувањето избори во двете земји.
