Косовското собрание ја осуди пресудата за поранешните водачи на ОВК
Косовскиот парламент едногласно ја осуди пресудата против четворицата поранешни команданти на ОВК, осудени во Хаг на 13 до 25 години затвор за воени злосторства, меѓу кои и поранешниот претседател Тачи.

Косовскиот парламент едногласно ја осуди пресудата против четворицата поранешни команданти на ОВК, осудени во Хаг на 13 до 25 години затвор за воени злосторства, меѓу кои и поранешниот претседател Тачи. Со 99 гласа „за“, пратениците побараа правни и дипломатски чекори за заштита на, како што наведуваат, историската вистина за војната во Косово.
„Се спротивставуваме на секој обид да се доведе во прашање историската вистина на Косово и неговата ослободителна борба“, Албулена Хаџиу, в.д. претседател на Косово и претседателка на парламентот.
Во Приштина и други градови низ Косово продолжуваат протестите против пресудата.
