Изборен законик

Утре обид за договор за измените на Изборниот законик

29.09.2026 11:15

Од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да прифатат една изборна единица и зголемување на средствата за помалите партии ако се постигне договор за нов Изборен законик, но остануваат на предлогот дијаспората да гласа по пошта...

Министерот за правда Шасивари во обид утре да ги седне на иста маса претставниците на парламентарните партиите за измените на Изборниот законик. Од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да прифатат една изборна единица и зголемување на средствата за помалите партии ако се постигне договор за нов Изборен законик, но остануваат на предлогот дијаспората да гласа по пошта. И СДСМ засега останува на ставот дека нивните позиции не се променети и бараат прифаќање на нивните барања за гласањето на дијаспората но и забелешките кои се однесуваа на заокружувањето на ливчето, бидејќи според нив, тоа водело кон изборни манипулации.

Од Левица очекуваат да има средба и да се направи конкретен исчекор. Сепак, потенцираат дека одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка по нивната иницијативата за рамноправно распоредување на средствата за платено политичко рекламирање, дополнително ги заострува позициите на партијата во Собранието. 

По најавите за измени во Изборниот законик, СДСМ најави десет илјади амандмани.