Трамп демантира дека му понудил на Иран ублажување на санкциите
Техеран чека одговор од Вашингтон на предлогот за отворање на Ормутскиот теснец. Трамп, пак, ги отфрли наводите во медиумите дека САД понудиле олеснување на санкциите или пристап до замрзнати ирански средства во замена за нуклеарни отстапки.

Техеран чека одговор од Вашингтон на предлогот за отворање на Ормутскиот теснец. Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи вели дека катарските посредници ги пренеле иранските идеи до САД. Трамп, пак, ги отфрли наводите во медиумите дека САД понудиле олеснување на санкциите или пристап до замрзнати ирански средства во замена за нуклеарни отстапки.
„Тоа не е точно. Не им понудив ништо!“, објави американскиот претседател, Доналд Трамп.
Во меѓувреме, Рубио предупреди дека секој напад врз американски интереси ќе има последици. ОАЕ повикаа на дијалог и мирно решавање на споровите, нагласувајќи го принципот на слободна пловидба.
