Рубио ја предупреди Куба: Ако не го променат курсот, ќе ја научат лекцијата на тешкиот начин
Нови закани од Вашингтон кон Хавана, додека САД се обидуваат да постигнат договор со кубанските власти...

Нови закани од Вашингтон кон Хавана, додека САД се обидуваат да постигнат договор со кубанските власти. Државниот секретар Рубио порача дека земјата мора да избере поинаков пат, или во спротивно, ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин.
„Куба во моментов е пропадната држава во секоја смисла. Се надеваме дека ќе избере поинаков пат. Нема да дозволиме Куба да стане база за операции против американските интереси или закана за нашата национална безбедност“, изјави Рубио.
Притисокот врз Куба се засилува во услови на недостиг од гориво и чести прекини на струјата, дополнително отежнати по американското ембарго на нафта воведено годинава. Хавана порача дека останува отворена за дијалог со Вашингтон
