Македонија

Трајков: Со Австрија споделуваме силна посветеност кон европската интеграција и реформскиот процес

29.09.2026 13:43

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков оствари средба со амбасадорот на Република Австрија...

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер.

На средбата беа разменети мислења за текот на европските интеграции на државата, реализираните реформи и тековните активности поврзани со спроведувањето на Реформската агенда 2024 – 2027.

Заменик-министерката го презентираше напредокот во реформските процеси и работата на институциите во насока на исполнување на преземените обврски, со посебен акцент на реформите кои придонесуваат за унапредување на институционалниот капацитет и усогласувањето со европските стандарди.

Во разговорот беше истакната важноста од континуираната поддршка и размена на искуства со земјите членки на Европската Унија во процесот на европска интеграција.

Соговорниците се согласија дека редовниот политички дијалог и институционалната соработка се значаен придонес за успешно спроведување на реформите и за напредокот на земјата кон ЕУ.