Модернизација на хидроелектраните
Дали конечно следната година ќе бидат удрени темелите на децениски најавуваниот проект „Чебрен и Галиште“? Државава ќе има повеќекратен ефект, смета премиерот Мицкоски, прво како добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија. Интерес има и кај потенцијални инвеститори.

Вистинско време е државата да направи храбар чекор и да биде инвеститор на „Чебрен и Галиште“ – став на премиерот Мицкоски, кој смета дека има меѓународни финансиски институции кои се заинтересирани за финансирање на проектот. За ова веќе се разговарало на средбите во Вашингтон. Освен енергија, капиталниот проект што со децении се ветува треба да обезбеди дополнителни количини вода кои би можеле да се користат за повеќе намени, како за наводнување на Тиквешко Поле. Ако се оди по планот, се очекува каменик-темелник да се удри следната година.
Хидроенергијата останува клучен столб на домашното производство на струја. Со ревитализацијата на хидроелекраните се очекува да се зголеми производството за дополнителни 50 гигават часови годишно, но и да им се продолжи векот. ЕСМ очекува профит од дополнителни пет милиони евра годишно.
Според премиерот Мицкоски, Владата се движи кон поставената цел – Македонија да може да ги задоволи сопствените потреби од струја.
Александра Велинова
