Македонија

Вештачка интелигенција, предизвик или предност?

29.09.2026 18:02

Додека АИ алатките ги сервираат сите одговори со еден клик, истражувачките новинари се соочуваат со најголемиот предизвик: како да се искористи технологијата, а да се сочуваат вистината, етиката и репутацијата? Студентите и експертите на панел поддржан од УНЕСКО порачуваат – вештачката интелигенција е нож со две острици што бара мудро управување, а не слепо верување.

Вештачка интелигенција, предизвик или предност. Новинарството, особено истражувачкото, мора да ги следи трендовите на ова поглавје во човековиот технолошки развој преку артикулација на информацијата истовремено со елиминација на манипулациите и лажните вести. Искушение за кое, студентите знаат дека е нож со две острици.

Истражувачкото новинарство, сега сервирано со информации со еден клик, треба да се движи меѓу проценката на етиката и јавниот интерес, наспроти вистината и приватноста зашто зад искажаниот збор стои новинарот и неговата репутација.

На темата се отвори и панел-дискусијата за „зајакнување на етичката употреба на генеративни алатки со ви и медиумското покривање на ви преку образованието за новинарство во Северна Македонија“, кој е поддржан од УНЕСКО преку меѓународната програма за развој на комуникациите.

Фиљана Кока