Избори

Почна кампањата, шест кандидати во трка за градоначалник на Општина Брвеница

29.09.2026 18:26

Почна изборната кампања за градоначалник на Општина Брвеница. Во трка за вонредните локални избори закажани за 18-ти октомври учествуваат шестмина кандидати. Од нив двајца изборите ги трчаат како независни кандидати.

Реализација на проекти и инвестиции и континуиран развој на Брвеница ветува кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски. Најави, посветена и чесна работа за подобри услови за живот на сите граѓани. За младите и економијата, отвораме локален иновациски фонд „Млади со идеи“, бизнис-инкубатор „Мој бизнис, моја општина“ – рече Радичевски.

Кандидатот на СДСМ, Јовица Радевски пред сограѓаните рече дека има план за развој на општина Брвеница. Посветен сум на луѓето и на својот крај – вели Радевски.

Со свои визии за развој се и кандидатите на ВРЕДИ и ДУИ. Независниот кандидат Душан Богдановски најавува буџетска дисциплина и јасен фискален план за општината.

Вонредните локални избори во Брвеница се закажани за 18-ти октомври. Учествуваат шестмина кандидати. Независната Арифе Идризи кампањата ќе ја започне за неколку дена.

Миле А. Ристески