Рекордна 35-то пресадување на бубрег
35-та рекордна трансплантација на бубрег од жив дарител годинава е извршена на 40 годишен пациент од скопско. Четири месеци одел на дијализа. Сега ќе живее со бубрегот на неговата сопруга. Тој е во добра здравствена состојба и деновиве ќе ја напушти Клиниката. Лекарите велат дека трансплантациите од жив донер се многу покомплицирани од кадаверичната.

-Од сите 35 трансплантации бројот на компликации се движи во светски рамки. За жал имаме еден смртен исход кога пациентот на кој е извршена успешна операција починал како резултат на срцева слабост. Имавме две отфрлања на бубрезите, кои моравме да ги отстраниме. Сите други пациенти се во добра кондиција -изјави Д-р Сашо Дохчев - Хирург-уролог Клиника за Урологија
Во моментов за трансплантација чекаат тројца пациенти, иако на првичната листа имало 80. Од клиниката за урологија се залагаат за трансплантација од починат донер, која во земјава успешно се извршуваше до 90-те години. Буџетот на Клиниката за урологија од следната година ќе биде зголемен и ќе изнесува 45 милиони денари.
-Утврдивме за следната година условен буџет или дополнителни средства за 40 трансплантации од жив донор и резервирани средства за 20 трансплантации од кадавер, парите се тука, желбата и капацитетите постојат треба само да докажеме дека можеме да го реализираме-потврди Маја Парнарџиева- Змејкова- директор на ФЗОМ
Лековите кои до крајот на животот ги примаат пациентите на кои им е извршена трансплатанција на бубрег се целосно покриени од фондот за здравство.
Андријана Атанасовска