Промовирани пет тома „Избрани дела“ од Тодор Чаловски
Во Друштвото на писателите на Македонија беа промовирани Избрани дела во пет тома, на истакнатиот македонски писател Тодор Чаловски.

Добитник е на највисоките признанија за поезија што се доделуваат во Македонија. Застапуван е во бројни антологии и во панорамски претставувања на македонската поезија и литература во земјава и во странство, а негови стихови се преведени на петнаесетина јазици во светот.
„Меѓу кориците на овие прекрасни книги што се пред нас, е презентиран дел од преку дваесетте наслови, на првите изданија, со стихови и критичко-есеистички критикувања, кои сведочат за една силно изразена, специфична, препознатлива и значајна творечка профилација овенчана со високи книжевни признанија“, рече Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Тодор Чаловски е член на Друштвото на писателите на Македонија 45 години и негов прв претседател, цела епоха на дејствување во книжевноста на еден автор.
Тонско Тодор Чаловски, писател
„Круна на секој творец е објавувањето на негови книги, а се разбира ако дочека, како што овој пат се случува, и избрани дела“, рече Тодор Чаловски, писател.
Тој чин е поплочен со многу несоници, стрепети и неспокој, што впрочем ги има како своја судбина секој творец. Ова е радост но и обврска, да продолжам да творам до крајот на животот за да оставам трага во своето суштествување, рече Чаловски.
Александра Перевска
