Европа

Словачка: Осмоодделенец со нож нападнал соученик и две наставнички

29.09.2026 16:18

Едната наставничка починала, а другата и ученикот се повредени, при што детето е во критична состојба...

Осмоодделенец со нож нападнал соученик и две наставнички во основно училиште во селото Сташков, во северна Словачка. Едната наставничка починала, а другата и ученикот се повредени, при што детето е во критична состојба.

Напаѓачот е уапсен, а мотивот сè уште не е потврден.