Системски бариери за жртвите на семејно и родово базирано насилство
Бројот на жртви на семејно насилство кои бараат помош пораснал на над 1.800, од кои дури 226 се деца, покажуваат најновите податоци. Иако законодавството е усогласено со меѓународните конвенции, жртвите и понатаму се соочуваат со институционални бариери, а голем дел од пријавите никогаш не завршуваат со казна за насилниците.

Жртвите на семејно и родово базирано насилство се соочуваат со бројни системски бариери и институционални слабости, покажуваат сведоштвата од најновата студија. Иако домашното казнено законодавство е усогласено со меѓународните конвенции на ОН, практиката покажува дека доминираат поплаките од жртвите, додека значително помал дел од пријавите завршуваат со кривични или прекршочни постапки за сторителите.
Во законот има 11 привремени мерки за заштита на жртвите од семејното насилство кои ги изрекува судот во граѓанска постапка. Центрите за социјална работа обезбедиле поддршка и заштита на 1.608 жени и малолетни деца во 2021 година, додека овој број во 2024 година пораснал на 1.836 лица.
Од тие 1.810 се возрасни во доминантен број се жени, додека 226 се малолетни лица.
Игор Панов
