Култура

Книгата во битка со екраните

29.09.2026 20:34

Еден клик, и нова информација, секојдневие на децата. Но што со нивната имагинација, кога се им е сервирано на екран. Книгата бара време, внимание но и фантазија, она што брзото дигитално темпо се потешко го остава. Наставниците со укажувања, технологијата не треба да биде непријател на читањето, туку повторно да се открие вредноста на книгата.

Екраните се повеќе присутни во секојдневието на децата. Но книгата останува незаменлива во нивниот развој. Наместо брзи и готови информации, таа бара внимание, време и размислување. Го поттикнува детето да замислува, поставува прашања и да го доживува прочитаното. Затоа наставниците и родителите, пред важна улога, да го вратат читањето, но и да најдат баланс со современите дигитални алатки. Професорката Петрова советува да се читаат книги, но и да се олесни животот со помош на алатките, вештачката интелигенција.

„Алгоритмот препорачува книга според свој концепт, но библиотекарот и наставникот можат да ја препорачаат книгата според погледот на самото дете, неговото доживување, и потреби. Преку читање на книга, не смееме да го занемариме фактот дека детето влегува во чевлите на главниот лик, се соочува ја доживува целата приказна, за разлика од готовите информации, и сето тоа овозможува да размислува“, истакна Мариета Петрова, професор д-р на Педагошки факулет Св. Климент Охридски.

Наставниците советуваат да се дава простор на читањето, кое во иднина ќе придонесе и за развивање на критичкото размислување.

„Преку дигиталните алатки учениците, деца постојано им се менува темпото со коешто ги добиваат информациите и тие очекуваат на 10 секунди, 15, 20 да имаат флуид, поинаков, пресврт во нивната психа, додека кај книгата тоа не е така. Книгата мора да се доживее, да проработи фантазијата, за да почнеме оние работи што се раскажуваат, да пробаме да ги споиме со нашиот живот“, дополни Душица Јакимовска, координатор на Здружение на одделенски наставници Куманово.

Од друга страна укажуваат алатките ги затвораат децата во четири ѕида. Советувањето Библиотеката-темел на писменоста ги обедини воспитно-образовните работници, библиотекари и стручна јавност, да дебатираат за читањето во ерата на екраните, битката помеѓу алгоритмите и книгата.

Елена Георгиевска