Фити: Државата да се задолжува за капитални проекти
Академската фела предупредува на внимателно управување со задолжувањето и непродуктивните трошоци, но и на потребата од продолжување на капиталните инвестиции. Експертите како предизвик го посочуваат и стареењето на населението и одливот на младите.

Македонската економија е стабилна, но мора да сме претпазливи на глобалните потреси, особено во делот на нафтата, смета академската фела. Според Академик Таки Фити, стопанството мора да е подготвено за сите можни сценарија. Во однос на задолжувањето, вели, мора да се внимава и да нема непродуктивни трошоци, но да продолжи кон изградба на повеќе капитални проекти.
Како проблем, експертите ја посочија лошата демографска слика, односно стареењето на населението во Македонија и заминувањето на младите од Балканот, со надеж дека состојбите ќе се променат кон подобро.
И покрај глобалната енергетска криза, македонската економија до крајот на годинава би можела да оствари економски раст меѓу 3,5 и 4%.
Борис Грујоски
