Култура

Отворена изложбата „Патот до слободата“ посветена на независноста на САД

29.09.2026 15:33

Поставката е особено насочена кон младите, нудејќи им можност преку историски приказни, идеи и интерактивни содржини да се запознаат со развојот на Соединетите Американски Држави и вредностите врз кои се темели нивното општество.

Во Скопје денеска беше отворена изложбата „Патот до слободата“, посветена на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави. Изложбата преку историски приказни и интерактивни содржини ја претставува историјата на САД и ги истакнува вредностите на слободата, еднаквоста и човековото достоинство.

На отворањето присуствуваа претставници на Градот Скопје, вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс, како и претставници на Амбасадата на САД и Американското катче во Скопје.

Поставката е особено насочена кон младите, нудејќи им можност преку историски приказни, идеи и интерактивни содржини да се запознаат со развојот на Соединетите Американски Држави и вредностите врз кои се темели нивното општество.

Од Градот Скопје посочија дека настанот претставува можност за дополнително зајакнување на пријателството и соработката меѓу Северна Македонија и САД, како и за создавање нови можности за културна размена, стекнување знаења и поврзување на младите.

Упатена беше благодарност до Амбасадата на САД и Американското катче за соработката, со очекување партнерството да продолжи преку нови иницијативи од интерес за граѓаните и младите.

На настанот беше упатена и честитка по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.