Кривична пријава за секретарот на Црвен крст- Битола

02.10.2014 15:19

СВР Битола поднесе кривична пријава против секретар на општинската организација на Црвен крст- Битола, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба во периодот од 2011 до 2013 година, за приватни потреби точел гориво, фиктивно прикажувајќи дека горивото е наменето за службените возила, оштетувајќи ја општинската организација на Црвениот крст за износод три илјади евра во денарска противвредност.