Продолжува судењето за „Државна лотарија“, обвинети Груби и Бајрами
Со изведување материјални докази денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“. Обвинителството ќе презентира документација поврзана со набавката на видео лотариски терминали, владините одлуки и финансиските трансакции. Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, ексдиректорот на лотаријата Перпарим Бајрами и уште шест лица се обвинети дека со пречекорување на службените овластувања.

Со изведување на материјалните докази од Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.
На претходното рочиште Обвинителството презентираше документација поврзана со основањето на заедничкото друштво со странски партнер, владините одлуки и финансиските трансакции за набавка на видео лотариски терминали.
Обвинетите се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од 596.125.511 денари. Сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Обвинителството го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судењето го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.
