Министерство за правда

Консултативна средба за реформите во изборното законодавство

30.09.2026 08:58

Министерот за правда Шасивари во обид да ги седне на иста маса претставниците на парламентарните партии за измените на Изборниот законик...

Министерот за правда Шасивари во обид да ги седне на иста маса претставниците на парламентарните партии за измените на Изборниот законик. Средбата ќе биде консултативна, со цел одблокирање на процесот, велат за МТВ од министерството.

Премиерот Мицкоски очекува прво консолидирање на парламентарната опозиција, за потоа да излезе со конкретен став. Во ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да прифатат една изборна единица и зголемување на средствата за помалите партии ако се постигне договор за нов Изборен законик, но остануваат на предлогот дијаспората да гласање по пошта.

СДСМ и натаму со непроменети позиции. Инсистираат на прифаќање на нивните барања за гласањето на дијаспората, но и на забелешките кои се однесуваа на заокружувањето на ливчето, бидејќи според нив, тоа водело кон изборни манипулации.

Од Левица велат дека одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за рамноправно распоредување на средствата за платено политичко рекламирање, дополнително ги заострува нивните позиции во Собранието. По најавите за измени во Изборниот законик, СДСМ најави десет илјади амандмани.