Трамп и челниците на најголемите технолошки компании потпишаа договор за контрола на ВИ
Постигнат е договор меѓу Белата куќа и големите технолошки компании дека вештачката интелигенција, треба да се потпира на „саморегулација“, наместо на сеопфатни владини правила. Претседателот на САД, се состана со лидерите на технолошките компании.

„Постои мислење дека треба да има силна саморегулација, а ние веќе автоматски имаме регулација преку Министерството за правда, ФБИ и сè останато. Но, саморегулацијата е многу важна. Се разговараше и за уште нешто, а тоа се локалните заедници. Ова е група што ги сака локалните заедници, ја сака нашата земја и ќе соработува со локалните заедници, особено во врска со податочните центри. И ќе работат на тоа заедницата да биде задоволна“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Според „Заедничката заложба за одговорности во областа на напредните технологии“, челниците на компаниите Антропик, Опен АИ, Гугл, Мета АИ и НВИДИА ветија дека ќе воведат силни контроли за следење на моделите на ВИ и ќе формираат тимови за да обезбедат контроли, следење и рано откривање на проблеми на моделите на ВИ.