Македонија
Во тек протест на земјоделците од Пелагонискиот регион
30.09.2026 12:24
На патот Прилеп-Битола, во тек е протест на земјоделците од Пелагонискиот регион...

Со блокада на патот Прилеп-Битола, во тек е протест на земјоделците од Пелагонискиот регион.
На овој начин земјоделците го искажуваат револтот од неповолните состојби во аграрот, односно, како што велат, од ниските цени и неорганизираниот откуп, неисплатените субвенции и проблемите со програмата за субвенционирање.
Организатори на протестот се земјоделските здруженија „Фармери југозапад“ од Прилеп и „Пелагониско поле“ од Битола.
