МВР

Полициска акција во повеќе градови поради неовластена трговија со дрога

30.09.2026 12:57

Акцијата ја спроведува одделот за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи под раководство на јавен обвинител.

Во тек е полициска акција во повеќе градови низ државата за сторени кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Акцијата ја спроведува одделот за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи под раководство на јавен обвинител.

Од МВР засега не откриваат повеќе детали за акцијата. Најавуваат дека по нејзиното завршување јавноста ќе биде информирана за преземените мерки.