Грејната сезона почнува на 15 октомври, можно е да стартува и порано
Грејната сезона 2026/2027 година официјално започнува на 15 октомври и ќе трае до 15 април. РКЕ информира дека греењето може да почне и порано доколку прогнозираните температури бидат 12 степени или пониски.

Грејната сезона во 2026/2027 година започнува на 15 октомври и завршува на 15 април, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Согласно условите, грејната сезона може да започне и порано, од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или пониска од 12 степени Целзиусови. Во таков случај, грејната сезона може да трае најдоцна до 30 април.
Снабдувачот е должен во грејните простории од 6 до 22 часот да обезбеди температура од 20+1 степен Целзиусов.
Од РКЕ ги потсетуваат заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите, како и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници.
Од Комисијата посочуваат дека навремената подготовка е важна за грејната сезона да започне и да се одвива без проблеми.
