Повторно илјадници демонстранти на улиците на Хонг конг

02.10.2014 15:33

Илјадници демонстранти повторно излегоа на улиците во Хонг Конг со барање за поголема демократија во кинескиот специјален административен регион. Бараат оставка од главниот администратор на овој град.

Доколку тој не се повлече, се заканија дека  ќе ги окупираат важните административни згради. Активистите сакаат продемократски реформи пред следните избори во 2017 година, вклучувајќи слободно номинирање на кандидатите.