Скопје

Голема еко-акција за почисто Скопје

30.09.2026 18:26

Скопјани ги засукуваат ракавите. Илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери на големо се впуштија во чистење на главниот град...

Скопјани ги засукуваат ракавите. Илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери ја чистеа метрополата.

Околу 30.000 граѓани се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје и поуреден град.

Акцијата, рече првиот човек на Скопје, ќе се повторува двапати месечно.

Ваквите акции ќе ја подигнат свеста на сите, велат граѓаните. Според нив, мора да се чисти редовно, оти градот го заслужува тоа.

Во однос на новите комунални возила за собирање смет, Ѓорѓиевски очекува да стигнат веќе од следната недела, и рече дека ќе собираат отпад во општините.

Само во периодот од 21-ви до 27-ми септември отстранети биле 915 кубни метри отпад од јавни површини низ скопските општини. Тоа покажува дека проблемот со ѓубрето не може да се сведе само на повремено, туку на континуирано чистење.

Борис Грујоски