Кривичен Суд

Ново рочиште за случајот „Државна лотарија“

30.09.2026 17:11

На рочиштето, адвокатите на осумтемина обвинети истакнуваа забелешки на доказите на Обвинителството. Обвинителите не дадоа изјава за медиумите, но порачаа одбраната да си го прочита законот и да се информира што се спаѓа под електронски апарати за коцкање.

Апаратите за коцкање што ги купила Државната лотарија не биле електронски. Ова го тврди одбраната, според која, од нивното купување државата немала зијан. Се тврди и дека никој од обвинетите не ставил пари в џеб, а ако апаратите денес се продадат касата на Лотарија би била во плус.

На рочиштето, адвокатите на осумтемина обвинети истакнуваа забелешки на доказите на Обвинителството.

Обвинителите не дадоа изјава за медиумите, но порачаа одбраната да си го прочита законот и да се информира што се спаѓа под електронски апарати за коцкање. На претходното рочиште покажаа 231 доказ со кој го убедуваат судот дека поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами, екс вицепремиерот Артан Груби и уште шестмина имаат вина за незаконита зделка тешка 9.7 милиони евра.

 

Анита Димитријевска – Велковска