Студентскиот дом „Стив Наумов“ реновиран по европски стандарди
По повеќе од две години реконструкција, пуштени во употреба се реновираните објекти и мензата на студентскиот дом „Стив Наумов“. Обновата е дел од програмата вредна 86 милиони евра за реконструкција на девет студентски и шест ученички домови.

Од целосно руиниран, до студентски дом по сите европски стандарди. По 62 години од изградбата, пуштени во употреба реновираните згради и мензата на „Стив Наумов“. Со почетокот на новата академска година студентите ќе живеат и учат во нови услови, а наскоро и бруцошите за кои сè уште е активен конкурсот.
Во план е реконструкција на девет студентски и шест ученички домови. Парите за нивната обнова се обезбедени од Министерството за образование, а дел од Германската развојна банка и грантови на ЕУ. Евроамбасадорот Рокас смета оти оваа инвестиција е инвестиција во младите и во заедничката иднина.
Реновирањето траеше повеќе од две години, а вкупната вредност на програмата изнесува 86 милиони евра.
Викторија Милевска
