Македонија

Земјоделците на протест поради неисплатени субвенции и високите трошоци

30.09.2026 19:01

Земјоделците од Пелагонија денеска излегоа на протест со блокада на патот Прилеп – Битола кај Тополчани. Велат дека проблемите се напластени, субвенциите не се доисплатени, неизвесна е есенската сеидба, а зголемените трошоци ги доведуваат на работ на преживувањето. Поддршка добија и од земјоделците од другите региони.

Недоисплатените субвенции во земјоделството, доцнењето со исплатите во сточарството, ниската цена на млекото, проблемите со Програмата за субвенционирање и зголемените производни трошоци се дел од бројните проблеми што македонските земјоделци ги истакнаа на денешниот протест со блокада на патот Прилеп – Битола.

При скапа нафта и репроматеријали, велат, се доведени до работ на преживувањето. Не знаат дали да сеат пченица, ниту кому и по која цена ќе ја дадат, без гарантирана откупна цена од државата.

Градинарите бараат гарантиран откуп на пиперката, како за тутунот, а лозарите бараат помош како дополнителна мерка. Се бараат и огласи за ИПАРД и за Националната програма.

Барањата ќе ги достават до Владата и ќе чекаат одговор во рок од една недела.

Елизабета Митреска