Во Србија спречено криумчарење монети и поштенски марки за кои се верува дека потекнуваат од Македонија
Како што соопштува српската гранична полиција, на граничниот премин Хоргос спречен е обид за шверц на монети, златници и поштенски марки.
Сите нумизматички и филателистички предмети се откриени кај белгијски државјанин (48г.) со албанско потекло, во возилото „Фолксваген Голф“ со кое патувал од Република Македонија кон Белгија.
Името на приведениот не се наведува, а се преставил како угостител.

Откриени се 28 монети со различна старост и потекло, меѓу кои се наоѓале и 6 златници од 12 век и 590 поштенски марки од разни земји.
Оливер Бранковиќ