Изборна трка во Брвеница, кандидатите со различни програми и приоритети
Кандидатите за градоначалник на Брвеница ги претставуваат своите приоритети и визии за развој на општината. Во трката учествуваат шест кандидати, од кои двајца се независни.

Проширување на капацитетите за сместување на најмладите и места за спортување, ова се само дел од проектите во изборната програма на кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.
Чиста и уредна Брвеница, подобра инфраструктура, поддршка за младите и еднакви можности за сите, ова се дел од ветувањата на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Јовица Радески.
Со визии за развој на општината што би ја направиле поубаво место за живеење во трка и кандидатите на ВРЕДИ и ДУИ.
Преку заштеда на средства да се придонесе зајакнување на јавното комунално претпријатие, нов возен парк, па и вработувања е приоритет во кампањата на независниот кандидат, Душан Богдановски.
Во трка за прв човек на Брвеница е и независната кандидатка Арифе Идризи.
Вонредните локални избори во Брвеница се закажани за 18-ти октомври. Учествуваат шестмина кандидати. Од нив, двајца ги трчаат изборите како независни.
Наташа Гркова-Петрушевска
