Временска прогноза

Наутро студено, преку денот сончево

01.10.2026 08:12

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.