високо образование

Почнува новата академска 2026/2027

01.10.2026 08:38

На првиот академски час на УКИМ ќе присуствува и ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска. На првиот академски час на универзитетот во Штип ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски...

На универзитетите во земјава денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање прв академски час.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје првиот академски час ќе се одржи на платото на УКИМ, каде што е најавено свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.

На првиот академски час на УКИМ ќе присуствува и ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска. На првиот академски час на универзитетот во Штип ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Со конкурсот на УКИМ, годинава на 23-те факултети во негов состав се запишани вкупно 8.851 бруцоши во новата академска година. На овој универзитет во моментов студираат над 26 илјади студенти, од кои на додипломски студии се повеќе од 23.400, а останатите се на магистерски и на докторски студии. Во прв циклус (додипломски) студии на УКИМ има 242 студиски програми, 313 на втор (магистерски) и 99 на трет циклус (докторски) студии.