Евроинтеграција

Николоски на средби во Брисел - во фокус инфраструктурата, проширувањето и планот за раст

01.10.2026 09:07

На средбите ќе се разговара за актуелните економски и политички прашања, инфраструктурните проекти, планот за раст и процесот на проширување на Европската унија.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во дводневна работна посета на Брисел, каде ќе учествува на средби со претставници на Европската комисија и на Самитот посветен на транспортните коридори.

На средбите ќе се разговара за актуелните економски и политички прашања, инфраструктурните проекти, планот за раст и процесот на проширување на Европската Унија.

Николоски најави дека на транспортниот самит ќе стане збор за големите инфраструктурни проекти во земјава, меѓу кои и железницата на Коридорот 8 кон Бугарија. Посочи дека за овој проект е обезбеден грант од 150 милиони евра од Европската инвестициска банка.

Во Брисел, Николоски ќе учествува и на сесии на „Пријатели на Европа“, посветени на иднината на Европа и на процесот на проширување. Тој оцени дека земјите членки на ЕУ не треба да ги блокираат кандидатите и изрази надеж дека Бугарија ќе направи чекор напред, со што би се отворил патот кон почеток на преговорите за членство на Северна Македонија.

Посетата на Николоски се одвива во пресрет на најавената посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје во петок.