Случај „Пулс“

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, притворот на Јованов истекува на 3 октомври

01.10.2026 09:42

Во „Идризово“ денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. По завршувањето на доказите на Обвинителството, одбраната треба да започне со изведување на своите докази. Предложени се 244 сведоци, а притворот на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко истекува на 3 октомври.

Во судницата во „Идризово“ денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Случајот е во доказна постапка, а по завршувањето на доказите на Обвинителството, одбраната треба да започне со изведување на своите докази. Обвинителството досега изведе 1.390 материјални докази и сослуша 45 сведоци и пет вешти лица, додека одбраната предложила 244 сведоци.

Притворот на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко истекува на 3 октомври. Одбраната најави дека ќе понуди гаранција во имот од речиси 200 илјади евра. Судот сè уште го очекува мислењето од Обвинителството за евентуалната одлука.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.