Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа за европската интеграција и иднината на регионот
Во разговорот, студентите се интересирале за надлежностите на претседателот во внатрешната и надворешната политика, како и за неговата улога во процесот на европска интеграција.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои се во студиска посета на земјава посветена на влијанието на европската интеграција врз земјите од Западен Балкан.
Во разговорот, студентите се интересирале за надлежностите на претседателот во внатрешната и надворешната политика, како и за неговата улога во процесот на европска интеграција.
Тие прашале и за македонската европска перспектива, блокадата на интеграцискиот процес, придобивките од членството во ЕУ и можностите за етапна интеграција на земјите од Западен Балкан.
Сиљановска-Давкова истакнала дека проширувањето на ЕУ треба да се заснова на исполнување на Копенхашките критериуми. Според неа, постепената интеграција може да донесе конкретни придобивки пред полноправното членство, но не треба да биде негова замена.
Претседателката ја нагласила и важноста на регионалната соработка, дијалогот и консензусот за прашањата од национален интерес.
Студентите ѝ се заблагодариле за разговорот и ја поканиле во посета на Колеџот на Европа во Тирана.
