Интеграции

Фон дер Лајен со нова стратегија за проширување

01.10.2026 11:08

Проширувањето е двонасочен процес, а и Европската унија мора да биде подготвена да прими нови членки. Токму затоа, следната недела ќе ги претставиме нашите таканаречени прегледи на политиките пред проширувањето, најави од Албанија Фон дер Лајен на стартот од балкансата турнеја, која утре ќе дојде и во Скопје.

Што ќе донесе шефицата на Европската комисија Фон Дер Лајен во Скопје патоказ со рокови за исполнување на задачи пред полноправното членство како за Албанија или документ за постепена интеграција? Се очекува да посети проект финансиран од ЕУ во Куманово, Македонија и да претстави што новата политика за проширување опфаќа, меѓу кои и постепено вклучување на кандидатките во единствениот европски пазар и полесна трговија без бариери.

На сите кандидатки на балканската турнеја, Фон дер Лајен објаснува дека еден ден ќе станат членка и дека ЕУ се подготвува со внатрешни реформи и средства за нови членки во наредниот европски буџет.

„Проширувањето е двонасочен процес, а и европската унија мора да биде подготвена да прими нови членки. Токму затоа, следната недела ќе ги претставиме нашите таканаречени прегледи на политиките пред проширувањето, односно, со други зборови, ќе ги разгледаме нашите институции, политики и нашиот буџет за да се осигуриме дека нашата европска унија е подготвена да се прошири и да прими нови членки.“, изјави Фон дер Лајен-претседателка на Европската комисија.

Премиерот Мицкоски нема информации дека Македонија ќе остане без патоказ како за кандидатките фаворити и најави разговори со Фон дер Лајен и за ЕУ посредништво во односите со Бугарија.

 

Ирина Гелевска