Капиталните проекти мотор на економијата
Изградба на автопати, енергетски проекти, изгардба и реконструкција на здравствени објакети, училишта. 345 милиони евра од буџетот проектирани и за капитални вложувања во 2015 тата...

Градежниците на терен. Крупни инфраструктурни проекти во фаза на реализација. Се офајдија дваесетина индустриски гранки. Стотици капитални проекти финансирани од буџетската каса- мотор на економијата. Раст на капиталните инвестиции, во 2013-тата скоро 20 милијарди денари, пораст за речиси 30-тина насто споредбено со 2010-тата, двојно повисоки вложувања наспроти 2005-тата. Лани, вредноста достигнала 19 милијарди 300 милиони, пред девет години биле 10 милијарди 192 милиони. Изградба на автопати, енергетски проекти, изгардба и реконструкција на здравствени објакети, училишта. 345 милиони евра од буџетот проектирани и за капитални вложувања во 2015 тата. Експертите велат домашната економија со внатрешни сили може да оствари уште подобар резултат в година.
„340 милиони од државниот сектор ако ги додадеме и странските инвестици, 600 милиони што ќе се влеат во македонската економија се силен поттик за развој на економијата, и сметам дека со држење на останатите компоненти рестирктивни буџетот ќе биде во кондиција и во следните години“, вели професор Димитар Ефтимов.
За Коридорот 10, во касат проектирани 3,4 милијарди денари. Се градат три големи автопатски делници, Миладиновци - Штип, Кичево - Охрид, Демир Капија - Смоквица. За железниците ќе се вложат, 1, 311 милијарди, за водоводната мреже милијарда 765 милиони. Гасификацијата ќе се работи со 258 милиони 817 илјади денари. За капитакни инвестиции во образованието 737 милиони, во спортот 295 милиони. За технолошко индустрксите зони речиси 540 милиони евра. Буџетски пари и за проекти во културата, новата зграда на филхармонија.
„345 милиони евра насочени кон инфраструктурата и гасоводната мрежа, се значителни за пораст на економија и услови за стопанисување на претпријатијата и значајни за животот на граѓаните со пораст на платите за 4 насто и на пензиите за пет насто е убава вест во однос на животниот стабндард на наслението“, вели проф. Димитар Ефтимов.
Бизнис заедницата коментира – растот во првиот квартал и остварените 4,3 насто зголемување на БДП во вториот, се добра основа во 2015 тата да очекуваме зголемување од четири насто.
Сузана Фиданска Стоевска
